Есте Лаудер ја претстави пролетната колекција за оваа година

Надвор е студено и ни се чини дека пролетта е многу далеку, но модните куќи веќе почнаа да ги презентираат производите за следната сезона. Модната куќа Есте Лаудер веќе ги промовираше производите од колекцијата пролет за оваа 2015-та година. Во продолжение ќе прокоментираме малку повеќе за два луксузни козметички производи.

Двобојно моливче за очи што не се размачкува

este_prolet_2015

Исклучително кремастата формула на новото двобојно моливче за очи на Есте Лаудер ви овозможува мошне лесно да го нанесете, а притоа ви нуди интензивна боја.

Станува збор за луксузна формула, специјално дизајнирана за лесно нанесување во само еден потег, без прескокнување или размачкување, која практично се топи на вашата кожа. Со ова моливче ќе бидете безгрижни, затоа што тоа е специјално дизајнирано за да го носите подолг период.

Ова водоотпорно моливче лесно се нанесува, благодарение на уникатната технологија и внимателно избраните состојки. Достапно е во 12 основни нијанси.

Кармин Pure Color Envy shine sculpting

estee_karminiiii

Откако еднаш ќе го нанесете овој кармин, сите други ќе ви изгледаат просечни. Станува збор за кармин кој е богат со пигменти и кој ги нагласува усните со еден потег.

Пигментите вклучени во единствената формула на овој кармин создаваат дефиниција, односно совршено ги оформуваат, ги оцртуваат и заоблуваат.

Карминот има исклучително кремаста структура која мошне лесно се нанесува и рамномерно ги прекрива усните. Покрај ова, формулата го вклучува и т.н. временски комплекс за хидратација кој има задача да ги одржи вашите усни хидрирани и свежи во текот на целиот ден.

Карминот е спакуван во луксузна амбалажа, со посебна, тенка форма која треба да ви помогне да ги нагласите облините на вашите усни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.