Естерно ќе има, СДС ги изманипулира учениците и родителите

Фамозната реформска владина програма „План за живот“ на социјлдемократите, уште не го дочека ни светлото на денот, а веќе се насетува трулежот во нејзината единствена намера. А, тоа секако не е економско воздигнување и расчистување со наводно диктарорскиот систем во земјава, туку, просто, зграбување на власта, со бескруполозни лаги и ветувања, и бескапацитетност барем и сами да ја изиграат валканата игра.

Како најбитна и прва реформа со која би требало во миг да делува како неопходна инфузија во образованието и да ги извади „напатените“ ученици од агонијата што ја доживувале секој јуни, се разбира заедно со нивните родители, им беше укинувањето на екстерното тестирање на учениците. Но, како што се наближува датумот за екстерното тестирање, и на тие што не им беше разбистрена сликата за новата реформска влада, веќе го склопија мозаикот. СДСМ повторно изманипулира, а екстерно ќе има!

Ќе има, бидејќи неговото укинување беше само празна реторика за освојување симпатии и политички поени, иако екстерно тестирање на ученици не е нешто што го измисли владата на ВМРО-ДПМНЕ, туку е воспоставена практика во многу развиени европски држави, што помага во откривање на аномалиите во образовниот систем.

Ваквиот модел на проверка се користи како еден од начините да се добие јасна слика за степенот на исполнување на стандардите во образованието. Резултатите од овие тестирања во Европа и САД,  служат како показатели за одредени слабости или како насоки за креирање нови образовни стратегии.

„Планот за живот“ допрва ќе ни го сведе живеењето на една голема фарса од бескрајни ветувања дека, ете, се мислело, но се немало време, бидејќи на опструкциите, нели, никогаш им нема крај. Реторика која СДСМ успешно си ја востоличи во нејзиниот политички речник. Немањето време е еден голем изговор, а СДСМ уште еднаш вешто ги покажа своите манупулативни способности на дело.

mkd-267695
Петар Атанасов: Екстерно нема да има во јуни

„Екстерно нема да има, овој јуни нема да биде најстресниот месец во годината за учениците, наставниците и за родителите, бидејќи новата влада уште на првата владина седница ќе го укине нелогичното екстерно тестирање, кое освен притисоци врз учениците и казни за наставниците, не донесе ништо добро“, кажаа гордо од СДСМ, во еден здив со ветување за крупни реформи во образованието, кои би требало да обезбедат успешен модерен и европски образовен модел.

И како што кажаа, така и би… Или, барем кажаа… Затоа што, нели, си ветија…

Како што се наближува датумот за екстерното тестирање, и на тие што не им беше разбистрена сликата за ветувањата на новата „реформска“ влада, веќе го склопија мозаикот. Екстерно ќе има!

– „Силно верувам дека новата влада нема да донесе закон против граѓаните и учениците во Македонија, затоа би апелирал учениците да се подготват за екстерно тестирање бидејќи донесувањето на законите не се случува преку ноќ, туку треба да биде во консултација и со правниот сектор со правните експерти за да донесе добар закон. Потоа законот ќе мора да помине на комисии, ќе треба во парламент, па верувам дека ќе треба да помине извесно време по доаѓањето на новата влада. Затоа, повторно апелирам дека и покрај желбите на СДСМ да се донесе законот за укинување на екстерното тестирање, потребно е време“, изјави Пиштар Љутвиу, министер за образование, за Алсат М.

Колку и гордо да го најавуваше укинувањето на екстерното претседателот на комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов, новите креатори на образовноте реформи, намерно или ненамерно пропуштија мал детаљ. А тоа е дека менувањето на законите за олабавување на „стресот“ на учениците, нивните родители и наставници, не се случува со усна наредба веднаш по завршување на пресот.

Ако по почетокот може да се насети новото владеење на парламентарното мнозинство, ова е повеќе од јасен приказ за тоа што нé очекува.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.