Естонија ќе стане првата земја со целосно бесплатен јавен превоз

По успешниот експеримент во главниот град Талин, спроведен пред точно пет години, Естонија од 1 јули ќе воведе бесплатен јавен превоз на територијата на целата земја и со тоа ќе стане првата земја во светот што им овоможила бесплатен јавен превоз на сите свои граѓани.

Со ваквиот потег, 1,3 милиони жители на оваа балтичка земја нема да плаќаат ниту цент за превоз со воз, автобус и трамвај.

Естонија веќе е пионер во воведувањето бесплатен јавен превоз – во 2013 година јавниот превоз во главниот град Талин стана бесплатен за сите негови жители, но не и за туристите и посетителите од други градови и региони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.