11.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Естонија побара од НАТО да го истражи случајното лансирање авионски проектил

Естонската влада соопшти дека премиерот Јири Ратас телефонски разговарал со Столтенберг за инцидентот.

„Му кажав на генералниот секретар на НАТО дека тоа е сериозен инцидент и разбирливо е што сме загрижени поради тоа што се случи во Естонија. Колку што знам, никој не е повреден во инцидентот3, посочи Ратас.

Додаде дека од Столтенберг побарал вчерашниот инцидент многу сериозно да се сфати и брзо да се утврдат околностите.

Шпански воен авион, стациониран во Литванија, по грешка, за време на обука, истрелал ракета над југозападна Естонија. Притоа не предизвикана никаква штета.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.