Естонија бара американска воена заштита од Русија

Министерот за одбрана на Естонија Урмас Рејнсал покани американски војници да ја заштитат земјата од Русија, пренесе електронското издание „Федерал Прес“.

Министерот изразил загриженост од соседството со Русија за време на предавање пред Центарот на стратешки и меѓународни студии во Вашингтон .

„Ќе бидам многу радосен да го видам постојаното присуство на САД во мојата татковина“, изјавил министерот.

Поради изјавата на министерот за одбрана на Естонија, рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин дал свое мислење преку социјалните мрежи, во кое се вели:

„Некои народи се подготвени да умрат за својата слобода и независност, а некои политичари се навикнати под туѓи чизми“.