Естрадата го брани Шариќ: Тој е добар човек и хуманитарец, би бил одличен премиер!

Веста дека наркобосот Дарко Шариќ е уапсен, го израдува целиот регион, но не и лицата од естрадата, кои своевремено соработувале со него и настапувале во неговите дискотеки. Во негова одбрана застанале Бора Ѓорѓевиќ, Гога Секулиќ, Слаѓа Делибашиќ и Амадесус бенд, пишува српски „Телеграф“.

Фолкерката Гога Секулиќ не крие дека е разочарана што нејзиниот долгогодишен пријател е уапсен, истакнувајќи дека ќе го посети во затвор ако и се укаже можност за тоа.

„Жал ми е за Дарко, бидејќи ми е пријател. Веќе со години се води хајка против него, но верувам дека правдата ќе победи. Со него сум и во добро и во зло“, изјавила пејачката за „Информер“.

Foto: TV Pink

Со неа се сложува и фронтменот на групата „Рибја Чорба“, Бора кој смета дека Шариќ би бил добар премиер.

„Жал ми е што е уапсен, лично го познавам, но не знам со какви бизниси се бавел. Очигледно е сега дека бил само добар организатор. Настапував во неговата дискотека и за неговиот брат Душко, исто така имам најдобро мислење. Тие се совесни луѓе, добри. Шариќ би билодличен премиер. Тој е светец во споредба со некои политичари“, додал Ѓорѓевиќ.

Foto: Tanjug/Dragan Stanković

И пејачката Слаѓа Делибашиќ имала само пофални зборови за него.

„Го познавам како добар и чувствителен човек, кој им помага на сите. Па знаете ли вие колку хуманитарни концерти одганизираше тој? Спрема мене секогаш беше фер, коректен и на дистанца. Имам најубаво мислење за него. За тоа дали е виновен или не, не можам да зборувам, бидејќи и мене се’ ми се има случено во животот“, изјавила пејачката.

Slađa Delibašić pokazala svoje izvajano telo (Foto)

Членовите на групата Амадеус во последните неколку години настапуваат на роденденот на ќерката на Шариќ, Николина, која е нивен голем обожавател.

„Секоја година на втори декемвр пеевме на роденденот на неговата ќерка. Кон нас беше коректен, домаќин кој нас секогаш убаво не угостуваше. Навистина не знам со што се занимавал и не навлегувам во тоа“, изјавил еден од членовите на бендот.

Foto: Facebook/Amadeus bend