Етингер: Помошта на Грција е ситница во споредба со потребите на Украина

Спасувачката помош, доставена до Грција, е ситница во споредба со потребите на Украина, кој западна во длабока економска и политичка криза изјави вчера еврокомесаро на енергетика Гинтер Етингер.

„Доколку сакаме да и помогнеме на Украина, земја со население од 45 милиони лица, Грција едноставно е ситница во споредба со тоа“ рече Етингер за време на посетата на Словачка, откако Русија ги стопираше доставките на гас за Украина.

Еврокомесарот за енергетика предупреди дека помошта за поранешната советска република не може да биде обезбедена за само едно лето.

„Тука станува збор за помошво износ од милијарди, со учество на нашите даночни обврзници и избирачи, на Евроспката комисија, САД, Канада и Меѓиународниот монетарен фонд, нагласил тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.