Македонија

Етно базар на плоштадот во Автокоманда

Етно базар на плоштадот во Автокоманда

Општина Гази Баба во соработка со Организација на жени Гази Баба по втор пат организираат Манифестација „Етно денови во Гази Баба 2014“.

Етно базарот ќе се одржи на 19 јули,  од 10 до 19 часот на плоштадот во населбата Автокоманда.

Сите заинтересирани кои се занимаваат со изработка на етно ракотворби (накит, украси, предмети, плетива, народни носии, везови и др.) се покануваат да се пријават за учество на тел. 076/942-010 (Ленче) и 075/797-921 или на шалтерот на општина Гази Баба, најдоцна до 16 јули.
Штандовите се бесплатни.