Етно-културна манифестација „Традиција и современост”

На 4 септември 2014 година со почеток во 11 часот во Куршумли-ан ќе се одржи етно-културната манифестација „Традиција и современост”. Манифестацијата се реализира како соработка на Музејот на Македонија со невладината организација ЗУР “Арти Крафт“ – Македонија од Куманово во пресрет на Денот на независноста 8ми Септември. 

Во рамките на манифестацијата ќе се одржи ревија на облека инспирирана од богатството на македонските народни носии насловена како “Етно тренд“ и премиерно ќе бидат презентирани ракотворби на 20 членови на “Арти Крафт“.

Настанот ќе биде збогатен со изведба на традиционалното оро Тешкото од страна на учениците на државното средното училиште “Илија Николовски Луј”, како и со културно уметничка програма на етно-групата Извор од Куманово.

Манифестацијата е од комерцијален карактер и има за цел да придонесе кон оджувањето на старите занаети и продолжувањето на вековната традиција на народното уметничко творештво како дел од нашето богато културно наследство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.