Ето чека понуда од Масимо Морати

Камерунскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Чезли, Самуел Ето, откри дека е расположен за кам-бек во дресот на италијанскиот калчо гигант Интер, но само под еден услов, понудата да биде испратена од пранешниот сопственик на “нероазурите”, Масимо Морати.

“Да се вратам на Џузепе Меаца? Зошто да не, но само под еден услов. Поканата и понудата да биде испратена од поранешниот сопственик на Интер, Масимо Морати. Знам дека мојот поранешен клуб има нов претседател, знам дека се прв човек е Ерик Тохир, но имам информација дека Морати се уште е дел од овој голем клуб. Во фудбалскиот свет нема ништо сигурно, не се знае што може да се случи веќе следниот ден. Моментално, јас сум многу среќен на “Стемфорд Бриџ” и сакам да останам во Лондон уште некоја сезона”, изјави Ето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.