Спорт

Ето: Мурињо знае да „откачи” во некоја ситуација

Ето: Мурињо знае да „откачи” во некоја ситуација

Камерунскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Самуел Ето, откри дека и португалскиот стурчњак Жозе Мурињо има „откачено” во одредени ситуација, дека се однесувал ненормално.

„Каков проблем имам со Мурињо? Не сакам да зборам на оваа тема. Јас имам за задача да постигнам најмалку еден погодок на секој натпревар. Јас и понатаму ги тресам противничките мрежи, но тоа не можам да го правам ако сум седнат на клупата за резервни фудбалери. Иако сум стар, знам како се тресе противничката мрежа. Која е разликата помеѓу Мурињо и останатите тренери со кои сум соработувал? Тешко прашање. Мурињо има поинаков пристап, поинаку не подготвува пред стартот на натпреварот. Нема да ви откријам, сакам и со Челзи да ја освојам Лигата на шампиони. Како да станува збор за сосема различна личност, знае и да ’откачи’, да се однесува ненормално пред стартот на натпреварот. Тоа го докажа и со изјавата дека јас сум премногу стар и дека не знае колку години имам. Сепак, целиот притисок е врз Мурињо и тој не бега од таквата ситуација”, изјави Ето.