ЕЦБ ја задржа референтната каматна стапка на 0,25 отсто

Последната одлука на ЕЦБ следи по минатомесечното намалување на референтната каматна стапка за една четвртина процентни поени.

„Не е изненадување што ЕЦБ денеска одлучила да задржи каматна стапка на 0,25 отсто, но банката и понатаму е под притисок да направи што е можно повеќе за да се задржи слабото закрепнување на евро зоната“, изјави Бени Меј од компанијата „Кепитал економикс“.

ЕЦБ, исто така, ја задржа каматната стапка на депозити на нула отсто.