ЕУ бара 150.000 евра од Дојран, властите не ги исполниле барањата

Дојран треба да врати 150 илјади евра на ЕУ откако Европската комисија констатирала прекршување на условите за избор на фирма за реконструкција на пречистителната станица од програмата за прекугранична соработка со Грција.

Станува збор за дел од  проект за заштита на Дојранското езеро  од 2014 вреден 309 илјади евра за Дојран.  Но, општината место поевтиниот понудувач за реконструкција на станицата го избрале поскапиот за што реагирала чешка фирма учесничка на тендерот.

Долгот кој го наследивме од 15 илјади евра кон Европската унија, а не бев запознат со тој долг, за проект за прекугранична соработка. Последниот допис којшто го имаме добиено од Европската комисија е дека или ние можеме да го вратиме долгот на најмногу 12 рати или министерството за локална самоуправа треба да го реши тој проблем со два месеци, па потоа ние да се раздолжуваме со нив, вели Аног Ангов.

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов тврди дека за овој проблем знаел и неговиот претходник  Борче Стамов но не превзел  никакви чекори за надминување на истиот. Поради условот од  европската  комисија сега виси потпишувањето на нови договори за проекти вредни над половина милион евра што треба да ги финансира ЕУ.

Ние како мала општина се надеваме на тие средства со прекугранична соработка, со фондови, бидејќи со приходите од општината не може да реализираме капитални проекти, вели Ангов.

Од  Mинистерството за локална самоуправа информираaт дека се работи на решавање на случајот. Било информирано министерството за финансии и премиерот Зоран Заев и веќе на една од следните владини седници се очекува одлука за обезбедување  средства со цел Дорјан да не биде на црната листа на ЕУ  за користење пари од европските фондови.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.