ЕУ бара изземање од американските царини на челикот и алуминиумот

Комесарката на Европската комисија за трговија, Сесилија Малстром, се сретна во саботата со американскиот претставник за трговија Роберт Лајтизер во периодот кога Европската унија се обидува да издејствува изземање од новиот намет на увозот на челик и алуминиум кој го донесе американскиот претседател Доналд Трамп.

Трилатералната средба со учество и на јапонскиот министер за трговија Хирошиха Секо, се одра два дена откако американскиот челник го потпиша воведувањето на тарифите од 25 отсто за челикот и 10 отсто за увозот на алуминиум во САД.

Средбата договорена пред неколку седмици во рамките на расправата за предимензионираноста на капацитетите на индустриите на челик и на алуминиум, доцнеше два часа, поради доцнењето на летот на американскиот претставник.

„Земајќи ги предвид околностите, во текот на посетата на американскиот амбасадор Лајтизер во Брисел оваа сабота, ЕУ ќе испрати порака дека очекува да биде целосно изземена од американските мерки без предуслови и преговори“, откри претходно за агенцијата DPA извор во ЕК.

ЕУ се повикува на долготрајниот безбедносен сојуз со САД и тврди дека соработува по прашањето на претераното производство во споменатите сектори. Трамп, пак, својот потег го правдата врз основа на ретко употребуваниот американски закон кој на претседателот му дозволува дејствување против увозот кој ја поткопува националната безбедност.

Малстром во петокот рече дека сака објаснување за американската одлука и дека смета не изземање на ЕУ, но најави и противмерки во согласност со правилата на Светската трговска организација во спротивен случај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.