ЕУ бара промени во Уставот на БиХ

Европската унија врши притисок врз Босна и Херцеговина за промена на Уставот, пренесуваат локалните медиуми.

Од ЕУ бараат Босна и Херцеговина да ја отстрани дискриминацијата во Уставот и да ја намали бирократијата, два главни проблеми што произлегуваат од Дејтонскиот мировен договор, што сега претставуваат основна пречка за интеграцијата на земјата во ЕУ.

Еврокомесарот Штефан Филе, пристигна во Сараево на средба со босанските водачи, во период кога во земјата се одвиваат големи протести против невработеноста, корупцијата и приватизацијата. Демонстрациите траат повеќе од една недела.

Дури 80 отсто од компаниите, што биле продадени на приватни сопственици, веќе банкротирале.