Балкан

ЕУ: БиХ мора да формира влада

ЕУ: БиХ мора да формира влада

Високиот претставник на Европската унија во Босна и Херцеговина, Валентин Инцко изјави дека е крајно време да се формира Влада на државно и на федерално ниво, како и во кантоните каде се уште не е воспоставена нова власт, објави МИА.

Инцко денеска во Анкара се сретна со шефот на турската дипломатија Мевљут Чавашоглу и со други турски претставници со кој разговараше за ситуацијата во БиХ.

– Формирање на власта на сите нивоа мора да биде завршено без понатамошно одложување за да можат владите да почнат со работа и да ги решаваат сериозните проблеми со кои граѓаните се соочуваат. Сите влади мора да имаат иста листа на приоритети, а тоа е реформа на економијата, владеење на правото, отворање на нови работни места, борба против корупцијата и деблокирање на патот на БиХ кон евроатлантските интеграции – истакна Инцко.

Тој се заложи и за зголемување на странските инвестиции во БиХ и и се заблагодари на Турција на економската помош за БиХ.

– Масовната невработеноста, посебно на младите луѓе е огромен проблем. На БиХ и е потребна одржлива економија. Кредитот по ниска каматна стапка, што го обезбеди Турција претставува позитивен чекор. Покрај кредитите потребни се повеќе директни инвестиции од Турција за заздравување на економијата на БиХ – посочи Инцко.