Македонија

ЕУ: Целосно го поддржуваме суверенитетот и целовитоста на Македонија

ЕУ: Целосно го поддржуваме суверенитетот и целовитоста на Македонија
 Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, а потенцирајќи дека Еврокомисијата има став да не коментира туѓи коментари, портпаролката Коцијанчиќ го пренесе официјалнио став на ЕУ за поддршка на македонската држава во нејзините граници поради вознемиреноста во македонското општество, предизвикана од коментарите на високиот американски службеник, откако истите се појавија заедно со т.н. албанска платформа на некои политички партии во Македонија, а која претставува закана за унитарноста на земјата.
Кога станува збор за БЈР Македонија, ова е земја-кандидат и ние целосно ја почитуваме истата. Ние се занимаваме со земјата и ја поддржуваме со целосно почитување на сето она што се подразбира, вклучувајќи го нејзиниот суверенитет, но и со почитување на нејзините граници. Ние, всушност, постојано се залагаме дека нема промени кога станува збор за границите и работиме со кандидатските земји со сета сериозност, поддршка и одлучност во поддршката на нивниот пат кон Европската унија,  изјави Коцијанчич за МИА.
Во име на официјален Брисел, таа додаде дека Унијата и тоа како смета на сите балкански земји во однос на соработка и нивно приближување кон ЕУ.
Тоа е регион што има европска перспектива и кој е дел од нашата политика за проширување исто така. Ние правиме голем број работи со цел да го подржиме регионот во однос на политички и економски аспект, но и за понатамошен развој, а со цел земјите да се доближат поблиску до Европската унија. Во принцип, ова е базирано на нашата регионална соработка, добрососедските односи и помирувањето. Во тој поглед, ние правиме бројни работи, па меѓу другото посредуваме и во дијалогот меѓу Белград и Приштина, додаде гласноговорничката на Европската комисија.