ЕУ чекори кон создавање на супердржава?

Потпретседателката на Европската Комисија и комесарка за правосудство Вивијан Рединг оценува дека „создавање на соединети европски држави би било најдобро оружје против евроскептиците“.

„Мораме да изградиме соединети европски држави со ЕК како влада и дводомен парламент, Европскиот парламент и сенатот со претставници од државите членки“, вели Рединг, пренесува британскиот весник “Дејли Телеграф“.

Според нејзиниот план, ЕК би имала надмоќ во однос на националните влади од државите во ЕУ, додека европските пратеници во ЕУ би имале предност во однос на националните представници во замислениот иден сенат додека Европскиот совет кој што ќе го сочинуваат националните лидери ќе стане советодавно тело.

Изјавата на Рединг е вовед во пролетните избори за Европскиот парламент, а нејзината визија за создавање на европска супердржава е блиска за многу чиновници од европските институции, додека истовремено предизвика отпор и негативни реакции од национално определение политичари.

Еден од најпознатите евроскептици во ЕП, Британецот Најџел Фараж, како и што се очекуваше, оваа изјава ја дочека на нож оценувајќи дека станува збор за „централистички фанатизам“ и изрази надеж дека граѓаните ќе кажат „не“ на еден таков предлог.

Секој обид на воведување дополнителни овластувања за ЕК е следен со особено жестока дебата во Велика Британија, а тамошните национално ориентирани политичари како Фараж истакнуваат дека тоа се обиди за создавање ЕССР, алудирајќи на сличноста со Советскиот сојуз.

Неименуван бриселски службеник оценува дека поради „претпоставката дека Британија ја напушта ЕУ“, па поради тоа британската чувствтелност на ова прашање „воопшто не ја разгледува“. Идејата за обединување на европските членкии во супердржава не  е нова, со неа во минатотот се бавеа индивидуалци и политички организации.

Најпознат е секако францускиот политички економист дипломат Жан Моне, кој е еден од родоначалниците на идејата за ЕУ, чие создавање почна со формирањае на Европската заедница за јаглен и челик во 1951 година и британското одбиање на потпише пристапница. Четири години подоцна, откако се изјалови обидот за создавање на Европската одбранбена заедница. Моне основаше Акционен одбор за Обединети европски држави, што го подгреа формирањето на Европската економска заедница во 1958 година.

Во 21 век идејата за создавање Соединети држави во Европа ја истакна поранешниот белгиски премиер Ги Верховстат, кој во 2005 година по референдумското одбивање на европскиот устав во Франција и Холандија тврдепше дека „Европјаните сакаат повеќе Европа“.

Тој ја напиша книгата „Соединети држави на Европа“ за која во 2007 година ја доби „Европската книжевна награда“, прва која некогаш е доделена. Како замена за пропаднатиот проект со уставот, во меѓувреме на сила стапи Лисабонскиот договор кој е усвоен по многу перипетии и повторување на референдумот за негово прифаќање во Република Ирска.

Противниците на создавањето на европска супердржава како еден од аргументите го наведуваат фактот дека не се сите европските држави членки на Европската унија, па обединување на целиот континент се уште не е можно ни укинување на националниот суверенитет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.