Свет

ЕУ членките ќе можат да забранат одгледување на ГМО-храна

ЕУ членките ќе можат да забранат одгледување на ГМО-храна

Членките на ЕУ во иднина ќе можат да забранат одгледување наГенетски модификувана храна (ГМО) на својата територија.

Со 53 гласа за и 11 против Комитетот за околина, јавно здравје и безбедност на храната при Европскиот парламент денеска ја изгласа можноста ЕУ-земјите да го ограничат или воопшто целосно да забранат производство на ГМО-храна.

Со оваа одлука на европскиот законодавен дом, која треба да биде потврдена и на пленарна седница на Европарламентот, паднаа во вода надежите на големите компании да одгледуваат и произведуваат Генетски модификувана храна во земјите-членки на ЕУ што тоа не го сакаат.

Членките на ЕУ имаат различен однос кон ГМО, чија употреба биотехничките компании агресивно ја промовираат иако нивното влијание врз околината се уште не е истражено.

ГМО пченката ја сочинува една петина од посевите во Шпанија, додека Германија и Франција строго го ограничуваат производството на ГМО.