Свет

ЕУ денеска одлучува за новите санкции кон РУсија

ЕУ денеска одлучува за новите санкции кон РУсија

Амбасодорите на ЕУ денеска треба да се договорат за околу новите санкции против Русија на состанокот во Брисел денеска.

Се очекува новите мерки да вклуат ограничувања на руските банки, пресекување на пристапот до европските пазари, ембарго за оружје и ограничувања на зделките во енергетскиот сектор.

Вчера, премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон рекол дека тој европските лидери се согласиле да „наметнат нови ограничувања на Русија“ за вооружување на бунтовниците во Украина.

Западните земји се исто така се погласни за тоа дека „се повеќе докази дека летот МН17 бил погоден од роектили истрлани од бунтовниците“.

Русија го негираше снабдувањето со тешко оружје на бунтовниците и ја обвини украинската влада за соборувањето на авионот.

Новите санкции би можеле да стапат на сила во рок од 24 часа. Сепак, Велика Британија предупредила дека наметнувањето на нови санкции би можело негативно да влијае  на ефикасноста.Британската нафтена компанија „Бритиш Петролеум“ е 20 отсто во сопственост на рускиот нафтен гигант „Роснефт“.

Минатиот викенд, ЕУ додаде 15 лица на листата на санкции.

На листата е вклучен и претседателот на Чеченија.

Бројот на Русите кои се на листите за санкции на ЕУ и забрани за патување засега е 87. На листат се придружија и две Кримски енергетски компании.

Конфликтот во Украина предизвика раселување на повеќе од 200.000 луѓе од кои голем дел пребегнале во соседна Русија.