ЕУ доби официјална потврда од Москва за стопирање на Јужен тек

Европската комисија добила официјална потврда од Москва за стопирање на изградбата на гасоводот Јужен тек, соопшти прес службата на Европската комисија.

-За време на телефонски разговор со заменик европскиот комесар за енергетика, Марош Шевчовиќ, рускиот министер за енергетика, Александар Новак потврдил дека престанува изградбата на Јужен тек, се наведува во соопштението на Комисијата.

Владимир Путин на 1. декември објави дека неговата земја се откажува од проектот, а официјален Брисел и членките н ЕУ оттогаш чекаат официјално соопштение за крајот на Јужен тек и истакнуваа дека досега не примиле никаков пишан документ кој го потврдува тоа.

Шефчовиќ во телефонскиот разовор со Новак рекол дека Комисијата ќе ја интензивира својата соработка со земјите од централноисточна југоисточна Европа „на план поврзување на европските пазари и диверзификација на испорака на гас“.