ЕУ донесе одлука да се формира Европска Енергетска унија

На самитот на Европската унија се донесе одлука за активирање на процесот на формирање европска Енергетска унија, а ќе се почне и со проширување на енергетската инфраструктура со цел да се формира ефикасен внатрешен енергетски пазар, изјави претседателот на Советот, Доналд Туск, пренесува МИА, повикувајќи се на ТАСС.

Според Туск, ЕУ има намера да се концентрира „на прво место врз изградбата на инфраструктурните врски што недостасуваат меѓу земјите од ЕУ за пренос на енергија. Освен тоа, спогодбите треба целосно да одговараат на европското законодавство и треба да биде обезбедена нивната транспарентност, забележа Туск.