ЕУ е подготвена да обезбеди економска помош за Украина

Европската унија е подготвена да ги засили напорите, за да пружи економска помош на Украина, изјави европскиот комесар за проширување Штефан Филе, пренесува „УНИАН“.

„Што се однесува до финансиската помош, природно има услови и тие се следниве: реформи, реформи, реформи“, истакнал комесарот.

За време на посетата на Киев, тој ги посети во болницата украинските полицајци кои настрадаа за време на масовните судири на улица Грушевскиј во центарот на главниот град.