ЕУ ги повика Украина и Русија да постигнат договор за решавање на спорот за гасот

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ги повика сите страни да ги завршат преговорите за Украина да може да добие достава на гас, што ќе биде сигурна и врз основа на пазарни цени, се наведува во соопштението на ЕК.

Баросо нагласи дека вчера разговарал со претседателот на Украина Петро Порошенко за време на тристраните разговори за гасот во Брисел.

Предлогот за изнаоѓање решение, што веќе е на маса, предвидува Киев да му плати 3,1 милијарда долари стар долг на рускиот гигант „Газпром“, од кои 2 милијарди до крајот на октомври.

Во замена „Газпром“ се ангажира да ја обнови доставата на гас за Украина, со минималем капацитет од 5 милијарди кубни метри со цена до 385 долари за 1000 кубни метри.

На тристраната средба во Брисел за рускиот гас синоќа не беше постигнат договор. Се очекува преговорите меѓу Украина и Русија со учество на ЕУ да продолжат вечерва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.