четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 36

ЕУ ги повика земјите-членки да прифатат повеќе бегалци

begalci

Последни вести

Европската комисија денеска ги повика земјите членки да прифатат повеќе кандидати за азил, бидејќи сериозно се заостанува со примената на плановите за распределба на бегалци, договорени од Унијата и Турција, пренесува МИА.

Минатата година земјите од ЕУ се договорија да распределат 160 илјади кандидати за азил, кои влегле во земјите од Унијата, од кои најголемиот дел се во Грција и Италија, со цел да се олесни притисокот врз овие земји. Дадено беше и ветување за директен прием на бегалци од земји надвор од ЕУ за справување со илегалната миграција.

Но досега само 1.500 кандидати за азил биле внатрешно раселени во ЕУ, покажуваат денеска објавените податоци на ЕК.

Комисијата имаше и цел, со која се предвидуваше само за последните два месеци да бидат распределени 20.000 луѓе.

– Нема од што да сме задоволни од постигнатото досега. Треба да биде направено повеќе и тоа брзо, изјави европскиот комесар за миграцијата Димитрис Аврамопулос.

Најчитани вести