ЕУ ги прекинува визните преговори со Русите

Европската унија одлучи да ги суспендира прегопворите за либерализација на визниот режим и соработка со Русија, соопшти претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.

„Европската унија ќе ја разгледа можноста за замрзнување на имот и забрана за патување на одредени руски функционери доколку Москва не започне дијалог со украинските власти“, навел Ромпуј, по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел.

ЕУ, според него, одлучила да ги запре подготовките за состанокот на Групата 8, а можно е да биде откажат и самитот ЕУ- Русија.

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, по состанокот во Брисел, рекол дека работата со Русија не може да продолжи во досегашниот облик.

Одлуката за амрзнување на имот и забрана за патување би можела да се донесе за брзо време доколку нема напредок во дијалогот.