ЕУ ги усвои новите мерки против тутунот

Европскиот парламент се изјасни за ревизија на директивите околу тутунските производи, пренесуваат француските медиуми.

Главната мерка, која би требало да ги одврати младите од тутунот, се предупредувањата за здравјето кои што стојат на кутиите цигари во облик на слики или текст, кои што мора да заземаат најмалку две третини од површината на кутијата.

Втората мерка која ја донела Унија е од 2016-та година да се забранат сите вкусови кои што се додаваат на тутунот, како што се ванила, какао, ментол.

Се’ друго што може да влијае на привлечност на цигарите, исто така, се забранува, што значи дека им се става крај и на кутиите со помалку од 20 цигари, како и кутии кои што потсетуваат на кармини или парфеми.

Со европските директиви ќе се утврдува и нова рамка за електронските цигари.