ЕУ ги замрзна сметките на уште 19 руски и украински државјани

Во понеделник Европската унија, ќе додаде уште 19 руски и украински државјани во списокот со санкционирани лица и покрај постигнатиот мировен договор во Минск, објави МИА.

Ним им се замрзнати сметките и имаат забрана за патување поради нивната улога во војната во Украина, изјавија европски дипломати.

– Морам да потврдам дека в понеделник ќе го објавиме списокот, без разлика на договорот од Минск, истакнал еден дипломат од ЕУ.

Оваа недела министрите за надворешни работи од земјите на Унијата одобрија замрзнување на сметки и визни ограничувања за 14 украински сепаратисти и петмина Руси, а исто така и за девет правни лица, но нагласија дека мерките нема да стапат во сила до 16 февруари, очекувајќи ги преговорите со Москва.

Инаку вчера од ЕУ потврдија дека нема да воведе нови санкции кон Русија доколу Меркел и Оланд се задоволни од прогресот кој е направен за време на преговорите