Магазин

ЕУ го казнува „Епл“ со една милијарда евра

ЕУ го казнува „Епл“ со една милијарда евра

Компанијата „Епл“ е обвинета од страна на Европската комисија дека искористувала државна помош во Ирска, покажуваат првичните резултати од истрагата за даночните олеснувања кои ги доби оваа американска компанија.

Весникот „Фајненшл Тајмс“ тврди дека казната би можела да изнесува една милијарда евра.

ЕК би можела да бара исплата на сите неплатени даноци, како и дополнителна казна.

Во изминатите 10 години Епл заработил дури 137 милијарди долари преду работење на свои офшор компании.

Според изјавите на лица кои се вклучени во истрагата, ЕК наводно открила дека Епл склучувал нелегални договори со ирските власти и со тоа добивал незаконска помош.