сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 12

ЕУ го олеснува укинувањето на безвизниот режим за западен Балкан

Советот на министри на Европската унија без расправа ја условил регулацијата за измените и дополните на Уредбата на Советот на ЕУ, која се однесува на државјаните од трети земји, но и земјите од западен Балкан во врска со преминот на надворешните граници на ЕУ.

eu zname

Поврзани вести

Изменетите прописи воведуваат нова заштитна клаузула, односно „механизам за суспензија“ со кој се овозможува привремено повторно воведување на визниот режим, под специфични околности, за државјаните од трети земји кои можат непречено да патуваат во Европската унија без визи.

Споменатиот механизам ќе се применува само во специфични ситуации доколку дојде до зголемен пораст на нерегуларниот прилив на бегалци или неосновани барања за одобрување на азил во земјите од ЕУ.

Исто така, Советот на министри на ЕУ навел дека итната мерка за укинување на безвизниот режим на шест месеци за некои земји е можно и во случај на непочитување на договорот за реадмисија, односно во случај на значајно одбивање на барањата од ЕУ некои земји да ги примат назад своите државјани кои ќе го злоупотребат безвизниот режим.

 

Најчитани вести