Свет

ЕУ го поддржува доставувањето оружје на Курдите

ЕУ го поддржува доставувањето оружје на Курдите

Европската Унија ја поддржува испораката на оружје од страна на земјите членки наменето за Курдите во Ирак. Во меѓувреме, курдските и ирачките сили почнаа офанзива за ослободување на градот Амерли, со поддршка на американската воена авијација.

Напредувањето на екстремистичката милиција Исламска држава (ИД) е „закана за безбедноста на европските земји“, изјави претседателот на Советот на ЕУ, Херман Ван Ромпој, по вчерашниот вонреден самит на Унијата во Брисел.

Шефовите на држави или влади на ЕУ се заложија за заострени мерки, со цел да се исушат изворите на финансии за ИД, како продажбата на нафта на меѓународните пазари. Освен тоа, тие се и за преземање заеднички напори со цел да се спречи влегување на екстремистички борци во Европа. Колку ваквите чекори ќе бидат ефикасни, ќе биде сумирано на средба на ЕУ во декември.

Денеска германската влада треба да донесе одлука какво германско оружје треба да им се достави на Курдите како поддршка на нивната борба против ИД. Утре канцеларката Ангела Меркел во Бундестагот ќе даде владина изјава на оваа тема.