ЕУ го потврди минувањето во втората фаза од преговорите за Брегзитот

Челниците на 27-те земји членки на Европската унија, го одобрија на самитот во петокот во Брисел преминување во втората фаза од преговорите за излегувањето на Велика Британија од Унијата, што отвора пат за разговорите за идните односи.

„Челниците на ЕУ се согласија да се премине во втората фаза од преговорите за Брегзитот“, објави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, честитајќи ѝ на британската премиерка Тереза Меј за овој успех.

За преминувањето во втората фаза од преговорите беше потебно да се направи „доволен напредок“ во првата фаза, којашто се однесуваше на прашањата за раздружувањето. ЕУ притоа предупредува дека за каков и да е напредок во втората фаза од преговорите ќе биде потребно да се спроведат обврските коишто се преземени во првата фаза.

Последично по одлуката на Европскиот совет, Европската комисија следната седмица ќе го објави предлогот за насоките за преговорите. Преговорите во почетокот ќе се водат за преодниот период од две годни, кој настапува по Брегзитот, на 29-ти март 2019 година.

Во текот на преодниот период Велика Британика останува дел од единствениот пазар и царинската унија и ќе ги почитува сите европски прописи, вјлучително и новите коишто ќе ги донесе Еропската унија со 27 членки, но како трета земја нема да може да учествува во носењето на одлуките.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.