ЕУ ги замрзна имотот и банкарските сметки на Јанукович

Европската унија соопшти соопшти дека ги замрзнува имотите на 18 лица осомничени за злоупотреби со украински државни средства, вклучувајќи го и претседателот Виктор Јанукович, кој минатиот месец го напушти Киев, јавува „Асошиејтед Прес“, пренесува Нетпрес.

Според информацијата, на списокот на лицата, кои се предмет на санкцијата, наведени се и најблиските соработници на Јанукович, поточно министерот за внатрешни работи, министерот за правосудство, главниот обвинител, првиот човек на безбедносните служби, како и синот на украинскиот претседател. На списокот е и поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров, како и неговиот син.

Инаку за денеска во Брисел планирана е и вонредна средба на лидерите на ЕУ,  на која треба да се разгледаат различни опции  за можни дејствија против Русија во однос на кризата во Украина.

„За прв пат, по многу години, во Европа имаме ситуација на реална закана за нашата стабилност, па дури и за мирот на континентот“, изјавил пред новинарите претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.