ЕУ гради одбранбени кули, Русија поставува ракетни системи

Полска ќе гради копнени одбранбени кули покрај копнената граница со руската енклава Калининград, пишува српски „Курир“, повикувајќи се на полската новинска агенција ПАП.

Шесте одбранбени кули ќе бидат високи до 50 метри и ќе испраќаат снимки до полските гранични службеници кои вршат надзор на границата долга 200 километри. Изградбата ќе чини околу 2,5 милиони евра, а 75 отсто од овие средства ќе бидат обезбедени од фондот за надзор на надворешните граници на ЕУ.

Варшава се одлучи на овој потег по вестите дека Русија во Калининград доставила ракети со краток домет Искандер. Руското министерство за одбрана уште при крајот на 2013-та година објави за поставувањето на овие ракети, за што смета дека е во согласност со меѓународните закони.

Се работи за руски тактички балистички проектили за кои што се смета дека се конструирани со вградени системи и постапки за противмерки кои што овозможуваат маневрирање во почетната фаза на летот на проектилот во ниска траекторија како и можноста за маневрирање во завршните фази на нападот.

Експертите напоменуваат дека постои можнсот за пренос на боевите глави до 480 килограми и како таков, ракетниот систем содржи и електрооптички систем за нишанење.Властите во Москва уште од објавувањето на планот на САД и НАТО за изградба на ракетен штит на просторот на Источна Европа напоменаа дека постои потреба за распоредување на ракетен систем во Калининград.

ЕУ очигледно одлучи да им се спротивстави на непријателски настроените Руси. За да го заштити сопствениот суверенитет и територија, надзорот на границата кај Калининград ќе биде под лупа на ЕУ.

Снимките од одбранбените кули би требало да помогнат да се забележат било какви активнсоти од руската страна на границата, а добиените информации би требало да и помогнат на Украина, но и на ЕУ во целост во креирањето на политиката во односите со Русија. Скептиците со сигурност би рекле дека чекорот на кој се одлучи Полска претставува еден вид подготовка за можните нови конфликти на европско копно.

Русија ја зголемува својата воена присутност и на Арктикот. На ова подрачје го постави ракетниот систем воздух – земја. Освен ракетниот систем на подрачјето богато со руда че бидат распоредени и ловци од типот МИГ-31, како и нов радар на островот Нова Земја, потврди генерал-мајор Кирил Макаров.

Иако секоја активност на Русија се бележи со сателитски снимки, планот на Москва и понатаму останува непредвидлив. Што подготвува Русија, никој со сигурност неможе да потврди.

Битката за Украина би можела да резултира со нови конфликти. ЕУ освен што одлучи да ги заштити сопствените граници, уште еднаш јасно нагласи дека украинските непријатели се непријатели и на ЕУ. Односите помеѓу Западот и Русија поради кризата во Украина во моментов се најлоши од крајот на Студената војна.

фото: Reuters

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.