ЕУ: Грција да продолжи со реформите

Министрите за финансии на 18-те земји членки на евро зоната денеска ја повикаа Грција да вложи поголеми напори за да ги исполни плановите поврзани со приватизацијата.

Холандскиот министер за финансии, Јерон Дијселблом, изјавил дека во решавање на клучните прашања околу грчката криза е направен „незначителен напредок“.

Неговиот германски колега, Волфганг Шојбле, оценил дека се потребни „дополнителни напори“, а австрискиот министер Михаел Шинделегер рекол дека постои загриженост во врска со структурните „реформи и програми за приватизација“.

Преговорите меѓу Грција и меѓународните кредитори- Меѓународниот монетарен фонд и европските партнери, доцнат веќе неколку месеци поради несогласувањата околу мерките за штедење и реформите.