ЕУ и НАТО не и дозволувале на Грција да ископува во Афиполис за да ја заштитат Македонија?

Информативниот грчки интернет портал „Грик Рипортер“, денеска објави текст под наслов „Политиката погребана во Амфиполис и Македонија“, посветен за проблемот за името и за поврзаноста на гробницата со овој спор меѓу Скопје и Атина.

Во објавеното се вели дека грчките архелози се сигурни оти во Ампфиполис е погребан или Александар Велики или некој угледен член од неговото семејство. Но, дека ЕУ и НАТО вршат силен притисок врз Грија и не и’ дозволуваат да продолжи со ископувањата, бидејќи би се докажало дека Македонија 100 отсто им припаѓа на Грците и дека тоа што би се откопало во Амфиполис би бил еден силен аргумент за Атина во преговорите за името.

Нетпрес интегрално го пренесува текстот:

Како минува времето мистеријата на гробницата во Амфиполис останува нерешена, а во меѓувреме се појавуваат нови прашања и теории на заговор. Прашањето „кој е погребан таму?“, сега стана „зошто сега, а не порано?“, се врти во главите на многумина, додека јавноста постојано се бомбардира со секакви теории и лични ставови.

„Резервираниот оптимизам“ на грчкиот премиер Антонис Самарас, сугериран многу доцна, е протолкуван на многу различни начини.

Всушност тоа звучи многу сомнително, со оглед на високиот тон што тој го употреби кога ја посети гробницата, кратко време откако беше откриена. Но, откако ископувањата напредуваа, а откровенијата стануваа се’ помалку убедливи, тонот стануваше се’ потивок. А, откако индикациите, дека локалитетот е ограбен и опустошен во текот на војните во минатото, стануваа се’ повеќе очигледни, претходниот оптимизам беше заменет со непријатна тишина.

Сепак, откопаниот несомнено голем споменик, може да има политичко и историско значење поради неговата локација, но и тајмингот. И додека многумина археолози ја изразуваат својата убеденост дека во гробницата лежи член на семејството на Александар Велики, нашиот северен сосед побрза да постави восочни фигури на императорот и неговиот татко Филип II, во Археолошкиот музеј во Скопје. И не е изненадување тоа што Скопје срамно побара да учествува во ископувањата, како дел од Македонија! Се разбира, Атина веднаш го отфрли тоа барање.

Последните очајни напори на Скопјаните со тврдењето дека Македонија е нивниот „дом“, а Александар Велики нивни предок, се совпаѓаат со нивните обиди да ја победат Грција, во спорот со името.

Специјалниот претставник на Обединетитие нации, Метју Нимиц, моментно се обидува да ги притисне двете земји да дојдат до едно взаемно прифатливо решение за името.

Грција веќе ја загуби битката, бидејќи во новото решение, кое би го прифатиле двете страни, мора да го има терминот „Македонија“. Она во што грчките политичари сега вложуваат напори е терминот „Македонија“ да биде заедно со географска одредница.

Нимиц наводно му го доставил предлогот „Горна Македонија“ (Upper Macedonia), на премиерот Никола Груевски, при посетата на нашиот северен сосед во средината на октомври, годинава.

Медијаторот на ООН сега ги повика преговарачите на двете земји на состанок во Њу Јорк, во нов обид да се дојде до взаемноприфатливо решение за името.

Да замислиме што би се случило тогаш, ако резидентот на гробницата во Амфиполис е угледен член на семејството на Александар Велики. Заедно со гробницата на Филип II во Вергина, гробницата во Амфиполис би била неоспорив доказ дека Македонија 100 отсто им припаѓа на Грците, а Грција во тој случај би одела на преговори со силен преговарачки аргумент.

За жал, нашите ЕУ и НАТО сојузници отворено го поддржуваат членството на нашиот северен сосед во евро-атлантските институции. Костас Караманлис беше остранет од грчката премиерска позиција наводно поради неговото „не“ на ПЈРМ, поточно со блокадата на Скопје за влез во НАТО во 2008 година. Исто така, германскиот канцелар Ангела Меркел со отворени раце го прифаќа Скопје во прегратките на Европската унија, додека во исто време пристигнуваат информации оти грчкиот амбасадор во Германија во септември, годинава, се повлекол од својата позиција поради ваквиот нејзин став.

Затоа, воопшто не би било премногу пресилно за некого, да се сомнева дека НАТО и ЕУ вршат силен притисок врз владата на Самарас за одложување на ископувањата во Амфиполис, додека траат преговорите меѓу Атина и Скопје.

Навистина звучи сомнително дека арехолозите знаеле за гробницата со децении, но не правеле ништо се’ досега. Фактот дека работите чинат само 590.000 евра досега, од кои околу 250.000 се донации, ја прави целата ситуација уште посомнителна. Всушност грчката држава е многу повеќе великодушна кон многу помалку важни археолошки откритија.

Одредени аналитичари велат дека гробницата во Амфиполис се користи за да се смират изливите на национална гордост од почетокот на 1990-те, кога проблемот со Скопје за првпат се појави.

Шпекулациите се дека владите и на ПАСОК и на Нова Демократија ги крателе парите за ископувањата, или наредувале да се сопре со работите. Дури и во одредени периоди, кога Грција имала голем просперитет, многу малку финансии, или воопшто немало средства за ископувањата во Амфиполис. Постојат сомневања дека Костас Симитис, премиер на Грција од 1996 до 2004 година, целосно ги стопирал сите работи околу Амфиполис, а ископувањата почнале одново во 2009 година, по силни притисоци од археолозите.

Како и да е, за почетен ентузијазам од страна на грчката влада, целата таа работа околу Амфиполис беше една многу удобна забава за грчкиот народ и тоа токму во време кога фамозниот данок на нов имот беше имплементиран.