ЕУ и понатаму најголем донатор во светот

Европската комисија соопшти дека ЕУ и земјите од заедницата остануваат најголемиот донатор во светот и во 2014. година.

ЕУ и државите кои се нејзини членки, доставиле над половина од официјалната помош за развој преку Организацијата за економска соработка и развој. Помошта изнесува 0,42 отсто од БДП во ЕУ и е над 58,2 милијарди евра. Регистрирано е зголемување од 2,4 отсто во споредба со 2013 година, јави БТА.

Еврокомесарот за меѓународна соработка Невен Мимица тврди дека ЕУ го зачувала првото место по таа основа, дури и во годините на економска криза. Тој повика за дополнителни напори за да може во следните години да биде достигната целта – помошта да биде 0,7 отсто од БДП.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.