ЕУ и Украина договориле основање на група за гас

Европската унија (ЕУ) и Украина се договориле да формираат билатерална консултациска група за гас, рекол министерот за енергетика и рударство на Украина, Јуриј Продан, после разговорите со европскиот комесар за енергетика Гинтер Етингер.

Групата ќе биде составена од двајца претставници на Европската Комисија (ЕК) и двајца претставници на Украина, пренесе Итар Тас.

Консултациите ќе се обавуваат три пати неделно, почнувајќи од наредната недела 30-ти јули, рекол Продан. Украинските претставници ќе работат со европската страна на заедничко пратење на тековите на гас во системот за транспорт на гас во Украина.

Продан исто така ја потврдил спремноста на Украина да прифати набљудувачи од ЕУ на станиците за мерење на гас.

„Сакаме да бидеме максимално транспарентни дека не се превзема гас од транзитот“, заклучил Продан.

Украинаскиот министер за енергетика и рударство на Украина Јуриј Продан по доаѓањето во Брисел рекол дека за да го загарантираат полнењето на подземните складишта со гас, Украина бо требало во потполност да се поврзе до енергетскиот пазар на ЕУ и да прејде на виртуелно реверзибилно (во обратен правец) снабдување со гас од ЕУ.

Идејата за виртелен реверс подразбира дека Украина купува одредена количина гас од европските трговци, а потоа соодветниот пбем го превзема од рускиот транзитена гас кој минува до земјите во ЕУ.

„За да ја акумулираме неопходната количина на гас, мораме да работиме по европски павила. За тое е потребно да се склучат одредени договори и придржување до европскиот енергетски пазар во склад со законодавството на ЕУ и тогаш, ќе можеме да ги примениме виртуелните реверзибилни испораки. Тогаш сите потребни количини ќе можеме да ги добиваме од ЕУ, и покрај физичките ограничувања на цевоводите кои сега не блокираат“, укажал украинскиот министер.

Тој објаснил дека за сега физичките моѓности за реверзибилни испораки не се во потполност искористени. Нивните можности се 20 милиони кубни метри дневно, а се транспортираат седум милиони.

„Потеклото на тој гас нас не не интересира, ако го нудат европските трговци, ние го купуваме. Тоа може да биде руски или норвешки гас. Сега, во летниот период постои вишок, помеѓу другото и на руски гас. Трговсите на европскиот пазар располагаат со доволни количини кои можат да ги понудат, но ограничувањето се јавува кај реверзибилните испораки“ нагласил тој.

Физичките реверзибилни испораки бараат реално пумпање на гас од Европа во Украина преку секундарни цевоводи.

Гаспром праксата на виртуелни реверзибилни испораки ја смета за нелегална, а исто така ја исклучува и можноста на користење на магистралните гасоводи за физичка реверзибилна испорака, наведува Итар Тас.