ЕУ и Украина ќе ратификуваат Спогодба за асоцијација

Парламентите на ЕУ и Украина денеска ќе ратификуваат значаен договор за поблиски врски. Спогодбата за асоцијација воспоставува длабоки политички односи и зона на слободна трговија меѓу Украина и Унијата. Претседателот Петро Порошенко го нарече планираното одобрување од двата парламента „историски момент“ кој ќе ја дефинира западно-ориентираната иднина на неговата земја.

Одбивањето да се потпише оваа спогодба предизвика неколкумесечни протести кои доведоа до соборување на претходникот на Порошенко, Виктор Јанукович.

На 27 јуни Порошенко го потпиша економскиот дел на спогодбата. Инаку, во петокот ЕУ и Украина се согласија да ја одложат имплементацијата на пактот за слободна трговија до крајот на 2015 година како отстапка на Русија, која го притиска Киев да се придружи кон Евроазиската царинска унија предводена од Москва