ЕУ им даде рок на украинските бунтовници до понеделник

Лидерите на ЕУ на Самитот во Брисел одлучија да им дадат рок до понеделник на бунтовниците во Украина да прекинат со огнот, да ја вратат контролата врз границите на властите во Киев, да ги ослободат заложниците и да започнат сериозни преговори за имплеметација на мировниот план, предложен од претседателот Петро Порошенко.

Според соопштението, ЕУ ќе ја процени ситуацијата и врз основа на тоа ќе ги донесе потребните одлуки, а лидерите на земјите членки се подготвени да се сретнат повторно доколку е потребно за да се усвојат санкции против Русија. Доколку бунтовниците не прекинат со тензиите, ЕУ е подготвена да ги спроведе санкциите во наредната недела.