ЕУ изработува вонредни планови за земјите од балканскиот коридор

Хрватска и Словенија ќе пуштаат до 500 мигранти дневно
Хрватска и Словенија ќе пуштаат до 500 мигранти дневно

ЕУ моментално подготува изработка на вонредни планови за Грција и другите земји од балканскиот коридор, со цел да се избегне хуманитарна криза. За ова информира портпаролката на Европската комисија Мина Андреева.

Според Андреева изработка на вонреден план за бегалскиот проблем во Грција барал претседателот на ЕК Жан Клод Јункер, за време на состанокот со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Брисел на 17 февруари, пренесува МИА повикувајќи се на БТА.

ЕК тој план ќе го предложи утре и тоа ќе го стори еврокомесарот за хуманитарна помош Христос Стилијанидес.

Критичнo во Пиреја поради бегалците
Критичнo во Пиреја поради бегалците

Станува збор за фондови кои обично се користат во случај на катастрофа во земјите надвор од Унијата, како што е помошта наменета за зоните на судири во Африка и на Блискиот Исток.

Андреева наведе дека Грција во соработка со ЕК веќе го завршила извештајот, кој се однесува на потребите на бегалците.

ЕК внимателно ја следи ситуацијата и подготвува вонредни планови за да им помогне на Грција и на другите земји од т.н. балкански коридор, рече Андреева.

„Вол стрит џурнал“ пишува дека Стилијанидес објавил пакет помош од 700 милиони евра, наменети за следните три години, како и дека поголемиот дел е наменет за Грција.

Грчкото Министерство за миграции соопшти во неделата дека Атина побарала „450 милиони евра вредна опрема и персонал за привремени бегалски кампови“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.