ЕУ изрази жалење за несреќата со мигрантите

Европската унија денеска изрази жалење за трагичниот настан кога во железничка несреќа на пругата Велес – Скопје животот го загубија 14 мигранти од Сомалија и Авганистан, јави дописникот на МИА од Брисел.

Портпаролката на Европската комисија Наташа Берто на прашањето на дописникот на МИА дали Брисел е подготвен да ја натера грчката држава на соработка со македонските власти околу прашањето со мигрантите, оти тоа е единствената земја со која Македонците немаат договор за мигранти, Берто избегна да одговори.

– Во моментов немаме детали за овој случај. Можеме само да изразиме жалење за загубата на животи и да се обврземе дека ќе го разгледаме подетално овој случај, истакна гласноговорничката на Еврокомисијата.

Денешниот нејасен став на неофицијалната Влада на ЕУ во врска со мигрантскиот проблем на Грција со Македонија доаѓа еден ден откако шефовите на државите и владите на ЕУ-земјите на специјален Самит во Брисел објавија дека Унијата сериозно ќе се зафати со ова прашање, одобрувајќи 130 милиони евра за справување со овој проблем на своите земји-членки