ЕУ ја деблокираше следната транша финансиска помош за Кипар

Министрите за финансии од еврозоната на средбата во Брисел ја деблокираа следната транша од финансиската помош за Кипар во износ од 350 милиони евра, пренесе МИА.

Тие нагласија дека помошта за Кипар може да биде прекината доколку се прекршуваат условите од договорената програна во март минатата година за стабилизирање на кипарската економија.

Следната контрола на претставниците на „тројката“ кредитори на Кипар – ЕК, ЕЦБ и ММФ, се очекува на почетокот на јануери следната година.

Досега европските кредитори му одобриле на Кипар помош од 5,35 милијарди евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.