ЕУ ја повика Босна што побргу да состави Влада

Шефови на дипломатии на државите членки на Европската унија денеска ги повикаа лидерите во БиХ по изборите што побргу да формираат влада и да почнат со реформите.

Тие во тек на седница на министерскиот совет во Луксембург потсетија дека реформите се неопходни за да се надминат проблемите на европскиот пат на БиХ и ветија помош за нивно спроведување.

Министрите освен тоа, поддржаа и продолжување на Операција Алтеа, со која ЕУ координира јакнење на одбранбените капацитети на БиХ, а која трае веќе 10 години. Во заклучоците од денешното заседание на Советот упати и повик до БиХ за забрзување на програмата за елиминација на вишокот муниција останата од војната во деведесетите години од минатиот век.