ЕУ ја повика Русија да не ја прекинува испораката на гас

Европската унија го повика денеска рускиот претседател Владимир Путин да го почитуваат договорот за снабдување на Европа со гас, додека на Москва и се заканува дека на 3 јуни ќе ја прекинат испораката кон Украина, соопшти Европската комисија.

„Додека траат тројните разговори меѓу Русија, Украина и ЕУ испораката на гас не треба да биде прекината. Сметам на Руската федерација дека ќе го почитува договорот,“ порача во писмо претседателот на Комисијата, Жозе Мануел Барозо кое го упати до рускиот претседател Путин.

Путин на 14 мај упати писмо до европските лидери наведувајќи дека Русија не добила никаков конкретен предлог од ЕУ во врска со плаќањето на испораката на рускиот гас на Украина и ја повика Унијата поактивно да се вклучи во тој проблем.

„Приоритет е двете страни да продолжат да се ангажираат конструктивно во тој процес и да постигнат договор за цената која би одговарала на состојбата на пазарот,“ напиша Баросо.

Тој додаде дека руската компанија Гаспром има „одговорност да обезбеди потребни испораки како што е предвидено во минатите договори со европските компании.“

Новиот состанок на трите страни е предвиден за на 26 мај во Берлин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.