Еу ќе направи нов обид за доставување хуманитарна помош за Алепо

алепо

Камиони натоварени со хуманитарна помош од ЕУ чекаат од октомври можност да стигнат до квартови на градот што се под контрола на бунтовниците.

На вчерашната средба на врвот на ЕУ, германскиот канцелар Ангела Меркел изрази жалење за неуспешната европска дипломатија таму. Францускиот претседател франсоа Оланд изјави дека Париз ќе работи за изготвување резолуција за коридори за хуманитарна помош кон Алепо и ќе ја поднесе до СБ на ОН.

Претседателот на ЕС, Доналд Туск рече дека 28-те држави ќе ги искористат сите дипломатски средства за да може да се достави хуманитарната помош за околу 50.000 луѓе кои се уште се во Алепо.