ЕУ ќе обезбеди количини на млеко во вредност од 30 милиони евра за сириските деца

Европската комисија соопшти денеска дека ќе обезбеди 30 милиони евра за купување на млеко за децата во Сирија, јавува БТА.

Помошта се одзема од 500-те милиони евра, кои им беа ветени на европските земјоделци минатата година и се предвидува млекото, добиено од европските производители, да биде насочено кон сириските училишта.

Истовремено европските земјоделци протестираа неколкупати за укинување на квотите за млеко, заради кои пазарот дополнително се ограничува., вклучувајќи ги и санкциите од Русија за увоз на европски производи.