ЕУ ќе влегува во трагата на парите за терористите

Европската унија денеска ги најави новите мерки за спречување на финансирањето на екстремистичките групи. Целта на новиот предлог е да се влезе во трага на екстремистите додека ги префрлаат парите или средствата со цел да се ограничи нивната способност за собирање финансии со тоа што ќе им се блокираат изворите на приходите.

– Ние сакаме да го подобриме надгледувањето на бројни финансиски средства кои ги користат терористите, од готовина до културни добра, виртуелни валути и анонимни припејд картички – изјави потпретседателот на Европската комисија, Валадис Домбровскис.

Со планот е предвидено финансиските институции на ЕУ да спроведуваат обврзни проверки на парите од земјите со сомнителни работи за перење пари и активности поврзани за финансирање на екстремистите.

Новите мерки, исто така, ќе ја зајакнат размената на разузнавачките податоци меѓу експертите на ЕУ за финансии и ќе им дадат поголем пристап до банкарските податоци.

И виртуелните пари ќе бидат предмет на контрола кога ќе бидат сменети за вистински пари, а ќе се воведат и лимити на анонимните трансакции од припејд готовинските картички.

Предвидено е и агенциите на ЕУ да им пружат поддршка на земјите од Блискиот Исток и од Северна Африка за тие да можат да се борат против трговијата со уметнички предмети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.