ЕУ: Киев мора да го плати рускиот долг

Украина мора да и го плати гасот на Русија, а Москва за возврат треба да и понуди соодветна цена за следните испораки, изјави денеска комесарот на ЕУ за енергетика, Гинтер Итингер.

Итингер во текот на денот ќе биде посредник во разговорите меѓу министрите за енергетика на Русија и Украина во Берлин.

Двете земји се согласиле да се разгледа неговиот предлог, Украина да и плати на Русија две ипол милијарди долари на две рати до 7 јуни.

Итингер рече дека сега е јасно колку гас Русија и испорачала на Украина во периодот од ноември до крајот на мај.

„Спорна е цената за јануари, февруари, а и за сега. Украина денеска ќе треба да објасни дека ќе уплати или веќе ја уплатила првата рата“, рече Итингер.

Тој додаде дека е неприфатлива цената од 485 долари за 1.000 кубни метри гас, доколку Русија толку бара. Итингер смета дека тоа не е во склад со пазарните услови и дека станува збор за влијание на политиката.

Украина инстстира цената да остане 268,5 долари за 1.000 кубни метри.