ЕУ ќе ги враќа имигрантите

Тајниот предлог- заклучок на состанокот упатува на тоа дека голем број од 150-те илјади имигранти кои успеаја да го преживеат пловењето преку Медитеранот до Италија, ќе бидат вратени назад. Италијанскиот премиер Матео Ренци повика итен состанок на европските челници на кој би требало да се расправа за унапредување на надгледувањето на европските граници. Повод е несреќата крај островот Лампедуза во која се удавија околу 900 лица.

Целта на состаноко е да се најде решение како да се спасат илегалните мигранти кои го ставаат животот во опасност за да допловат до Европа. Тајниот предлог заклучок упатува на тоа дека поголем број од 150-те илјади имигранти кои стигнаа до Италија ќе бидат вратени како илегални доселеници. Дел од предлогот овозможува околу 5 илјади од нив да добијат дозвола за да останат во Европа. Се расправа и за тоа имигрантите да се распоредат низ целиот континент, но се споменува и радикален воен приод- откривање и уништување на бродовите со кои тајно се пренесуваат луѓе, пренесе ББЦ.